Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, наместа краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. UV=5

Во Скопје, како што информираа од УХМР, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од петок следува период на стабилно и потопло време со слаб до умерен североисточен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.