Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 18 степени.

И во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, над 60 километри на час, најави УХМР.

Според прогнозата на Управата, во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.