Според старото народно верување вторниците важат за баксузни денови. Но, не и овој! Во народот Светлиот (или Воден) вторник се смета за најдобар вторник во целата календарска година. Старите велат дека овој ден, како и Велигден, на сите им донесува радост и веселба. Исто така, ако на овој ден се роди дете, ќе биде среќно и долговечно.

Поради тоа, по некаде во селата, токму на денешниот ден се одржуваат свадби, бидејќи времето на Христијанската пасха се смета за посебна благодет, па токму таа благодет сака да се пренесе и на новите сопружници и нивното новоосновано семејство.

Старите велат дека на денешен ден е добро да се оди во посета или на пат. Ако планирате токму денес да тргнете, обичајот налага да помислите и желба. Таа ќе се оствари, а на патувањето ќе ве следи среќа.

Поради сето тоа, единствената работа која православните верници денес треба да ја испочитуваат е да се веселат и радуваат и таа радост да ја споделат со своите најдраги и најблиски. Поради тоа, знаете што треба денес да правите, бидејќи според народното верување на секој кој „се оглуши“ од Бога нема да му оди најдобро во животот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.