Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.