Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно, сончево и потопло со мала до умерена облачност, Утре и во петок утринските температури ќе бидат ниски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.