Времето денеска ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2за 24 часа), грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток.

Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат в петок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.