Православните верници денеска го одбележуваат денот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн.
Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.
Овој празник е сеќавање на неговото страшно страдање, ден на строг пост, без оглед дали е среда или петок или не (во некои делови, ништо не се јаде дури додека не се стемни), а во црковниот календар е обележан со црвена буква.
Според народните верувања, не треба да се јаде црвена храна или да се пие нешто црвено, особено не децата, бидејќи потсетува на пролеаната крв на Јован Крстител. Не земајте нож во рака на овој ден и внимавајте да не јадете домати, пиперки или црвени јаболка…
На овој ден, треба да барате лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење.
Исто така, не треба да се работи тешка работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.