Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
За следните денови, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.