Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека на ден 09.03.2023 година (Четврток), без водоснабдување ќе бидат следните домаќинства:

– Поради технички зафат на затворач ф-600 мм во пумпна станица Гази Баба, можен е прекин на водоснабдувањето во следниве населби: Чаир, Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2 и високата зона во Железара и Автокоманда. Со работење ќе се започне во 09:00 часот до завршување со работните активности. (Град Скопје)
– Поради замена на затварач (шибер) Ф80мм. на Бул. Асном 12. Прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на Бул. Асном од број 4 до број 20.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Аеродром)
– Поради стопирање на стара водоводна цевка ф5/4“ на улица 11-ти Октомври бб.(плоштад). Прекинато водоснабдување ќе имаат Сити Галери. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на дефектот.(општина Центар)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.