Без вода утре од 8:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Петар поп Арсов“, „Теодосие Гологанов“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Христо Смирненски“, „9 Мај“ и „Васил Стефановски“ во општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф 80мм на улица „Петар Поп Арсов“ број 53.

Водоснабдување ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.