Во текот на утрешниот ден, без електрична енергија остануваат делови од општините Карпош и Петровец.
Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре од 09:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. Драган Спиркоски Максо во Општина Карпош.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, ги известува граѓаните дека во вторник од 09:00 до 14:30 часот, без електрична енергија остануваат корисниците од ул. 11 од бр. 1 до бр. 70 во Општина Петровец, како и од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. 1 од бр. 3 до бр. 177 Општина Петровец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.