Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Златко Шнајдер“ во Општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на ул. „Златко Шнајдер“ бр. 10. Додека, пак, од 10 часот без вода ќе останат корисниците од улиците „Бриселска“, „Софиска“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“ во Општина Карпош, поради зафати во водоводната мрежа, (стопирање на стар приклучок) на ул. „Бриселска“ бр. 18А.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.