Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:

1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита претстојните празници.

Согласно одлука на Владата за неработен ден е прогласен и 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг на претседателските избори во земјава, но и парламентарни избори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.