Нов земјотрес почувствуван во Битола, нова паника кај жителите. Според првичните информации епицентарот на земјотресот е на 8 км од Лерин, а е регистриран во 16:14 часот. Повторно грѓаните на Битола излегоа на улиците. Тие веќе два дена се во страв поради честите целни потреси. Првата серија земјотреси во неделата ноќта во Битола предизвикаа оштетувања и во објекти од училишта, градинки и други институции. Оштетувања има и во индивидуални куќи, како и во згради.
Општина Битола формираше Комисија за проценка на штети составена од експерти која ќе излезе на терен и ќе направи увид врз оштетувањата кои ќе бидат исплатени со средства најверојатно од ребаланс на буџетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.