Без вода утре ќе бидат корисниците од улицата „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Поради менување вентил на улицата „Франклин Рузвелт“ број 60, како што се појаснува во соопштението, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Станува збор за потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“.

Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Мишко Михајловски“ број 2б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до завршување на работните активности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.