рекинато водоснабдување утре неколку часа ќе имаат корисниците од дел од улицата „Народен Фронт“ (од број 3 до број 17) и „Васил Ѓорѓов“ зграда бр. 18 и 20, како и дел од ул.„Борис Трајковски“, крак 3,5,7,9 и потегот од крстосницата со бул.„Србија“ до бензинската пумпа „Марија Трејд“, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Причина за прекинот во водоснабдувањето се дефект на два затворачи ф-80 мм на ул.„Народен Фронт“ бр. 3 и уличен дефект ф-300 мм на ул.„Борис Трајковски“ 2/1.

Водоснабдувањето на дел од улицата „Народен Фронт“ (од број 3 до број 17) и „Васил Ѓорѓов“ зграда бр. 18 и 20 ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот, а на дел од ул.„Борис Трајковски“, крак 3,5,7 ,9 и потегот од крстосницата со бул.„Србија“ до бензинската пумпа „Марија Трејд“ од 8 часот до завршување со санација на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.