Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Ѓорѓи Сугаре“, „Петар Делјан“ и на булеварот „Борис Трајковски“.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на водоводни затворачи на булеварот „Борис Трајковски“, до црквата кај општина Кисела Вода.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.