Прекинато водоснабдување денеска имаат корисниците во дел од улиците „Бахар Моис“, „Дрезденска“, „Багдатска“ и „Анкарска“ во општина Карпош, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е уличен дефект ф-80мм на улица „Бахар Моис“ 11А.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.