Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Студеничани, Сопиште и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во период од 05:00 до 09:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Борис Трајковски“ (фирмите во населба Пинтија), Општина Кисела Вода), а 05:00 до 09:00 часот од с. Батинци и с. Љубош, Општина Студеничани.

Во период од 08:30 до 14:00 часот ќе нема струја во с. Горно Соње, (место викано Мајсторец), Општина Сопиште, од 08:30 од 13:00 часот ул. „Иван Мештровиќ“, од бр.1 до бр.31, непарните броеви, Општина Кисела Вода, 09:00 до 15:00 часот улиците „Женевска“, „Хашка“ и „Душко Бојковски“, Општина Карпош, а 12:00 до 14:30 часот дел од с. Маркова Сушица, Општина Студеничани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.