Без струја утре ќе бидат делови од општините Аеродром и Гази Баба, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Според известување од „ЕВН Македонија“, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“, кај ресторан „Дион“ во општина Аеродром.

Од 8:30 до 11 часот пак, дел од корисниците од улицата „Гемиџиска“ во општина Гази Баба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.