ЕВН Македонија известува дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без струја ќе бидат неколку улици во општините Аеродром, Кисела Вода и Карпош.

Од 08:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов“, подулиците број 22 и 24, во општина Аеродром.

Од 08:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Ениџе Вардарско“, „Чедомир Кантарџиев“ и „Серска“ во општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 13:00 часот струја ќе немаат и корисниците од улица „Веселин Маслеша“ бр. 3, влез 1 и 2 во општина Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.