Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа на ден денеска без електрична енергија ќе останат делови од село Студеничани и општина Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од село Студеничани  (Општина Студеничани), а од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: „Ринхини“ и „Езерци“ во населба Влае (Општина Карпош).

Од 10:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе инаат корисниците од ул. „Пелистерска“ бр. 2, во населба Карпош 3. (Општина Карпош), а од 13:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. „Миле Поп Јорданов“ – објектите во околината на Градинката Пролет (Општина Карпош).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.