Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Кожле, Тунел Катланово и селото Бадар во Општина Петровец.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „52“ кон обиколница во Стопански Двор во Општина Ѓорче Петвов.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Сарај кај општината во Општина Сарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.