Македонија во следните 10 дена ќе ја зафати африкански бран кој носи многу жешко време. Целата земја ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Африка, што ќе донесе високи температури, и висок УВ индекс.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, а максималните дневни температури ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за развој на изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и топло време со аксимални температури кои поради топлиот Африкански бран ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.