Претстојниот празник повторно ја зголеми фреквенцијата на граничните премини со Грција. Вообичаено најмногу патници и возила има на Богородица каде само за 24 часа биле регистрирани близу 20.000 туристи. Од нив околу 7000 се македонски, а останатите странски државјани кои за минување на границата во просек чекаат по околу 30 минути. И покрај зголемените гужви, од граничниот премин Богородица уверуваат дека прават максимални напори да се намали времето на чекање поради што во функција се ставени сите човечки и технички ресурси.

Овој бран на туристи се очекува да продолжи и во наредните неколку денови, а процените се дека пикот ќе биде за 2 август кога вообичаено голем број граѓани слободниот ден го минуваат во некое од туристичките места во Грција.

Со цел да го олеснaт периодот на чекање, полициските службеници заедно со раководството на регионалниот центар Југ делеа вода за сите патници. Оваа активност е во рамки на оперативниот план Безбедно лето 2023 и дел од кампањата за одговорно учество во сообраќајот која се одвива под мотото ,,Вози одморен”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.