Принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт Мидлтон, на своите фанови и на англиската јавност им го честитаа Божиќ со свежи фотографии од нивните деца, принцот Луис, принцезата Шарлот и принцот Џорџ.
На новата црно-бела фотографија се гледаат три деца како седат на столчиња. Тие се гушкаат и имаат насмевки на нивните лица. Триото е соодветно облечено, во бели кошули и црни панталони.
На сите им посакуваме среќен Божиќ, од нашето семејство до вашето“, напишаа со фотографијата на социјалните мрежи.
Воодушевените коментатори им честитаат, а сите се фалат колку е „многу симпатична“ фотографијата и дека „децата се прекрасни“.
За потсетување, кралското семејство традиционално со семејна фотографија им го честита Божиќ на граѓаните. Последната ги прикажува трите кралски деца, кои изгледаат опуштено и возбудено да го прослават Божиќ со своето семејство и оваа година.
Снимен од Џош Шинер, новиот кралски портрет доаѓа само неколку часа откако семејството беше видено на божиќниот концерт на принцезата Кејт во Вестминстерската опатија во Лондон, каде Кејт се појави во елегантен бел ансамбл, Шарлот во црвен фустан, додека принцот Вилијам и Луис и Џорџ беа облечени во класични костуми.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.