Еден од воспитувачите во младинската куќа на СОС детското село во Бардовци, една од 4-те куќи во Скопе каде тинеџерските години ги минуваат 7 деца на возраст од 14 до 18 години под закрила на своите згрижувачи и воспитувачи, е Васко Тодоров за јавноста најпознат по ликот на Тошо Малерот од К-15.

Во божикната сторија за оваа куча на „Канал 5“, Тодоров вели дека социологијата, комедијата и грижата за некого имаат нешто заедничко, а тоа е разбирањето на однесувањето, мислите и чувствата на луѓето. Вели дека иако оваа работа носи свои предизвици, тој целосно се пронаоѓа во неа. Младинската куќа ја чувствува како свој дом, а најголемо задоволство му претставува сведоштвото за тоа како младите прераснуваат во зрели луѓе со вистински вредности.

Цело време работам како воспитувач и тов што сум го работел има воспитна димензија. К-15 конкретно е најголемиот социолошки проект што е направен во Македонија, постоеше 20 години. Јас кога влегов овде веднаш се заљубив затоа што тоа ми лежи, тоа ми е професија. Не е едноставно, меѓутоа ако jа сакаш оваа професија нема поубаво од тоа. Посебно резултатите кога ке пораснат тие деца, вели Тодоров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.