Како одговор на Парадата на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која во Скопје вчера се одржа по петти пат, во Битола граѓанивчеравечер по третпат маршираа на настанот „Вистинска парада на гордоста“.
Почнувајќи од плоштадот „Магнолија“, каде пред присутните организаторот Игор Петковски ги сподели начелата на маршот, граѓаните со знамиња со Исус продолжија низ Широк Сокак и завршија пред Офицерски дом.
Дом, семејство, деца, родители – мајка и татко!, загарантирана иднина, вредности дадени од Бога и вредности по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генерации после нас во духот на нашата православна христијанска вероисповед, беше мотото под кое продефилираа низ улиците на Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.