Речиси секое трето новороденче во Англија и Велс минатата година го родила жена родена надвор од Велика Британија.

Според британската канцеларија за национална статистика, 31,8 отсто од живородените деца во 2023 година биле од мајки кои не се родени во Велика Британија, што е благ пораст во однос на 30,3 отсто во 2022 година, пишува порталот Мејл онлајн.

Пред десет години тој процент беше 26,5 отсто, а во 2010 година првпат надмина четвртина (25,1 отсто).

Индија останува најчеста земја на потекло за мајките (3,6 отсто од сите живородени бебиња) и татковците (3,9 отсто) кои не се родени во Велика Британија, а Пакистан сè уште е на второ место



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.