Ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди и манекенката Жизел Бундхен ангажирале адвокати за да го започнат процесот на развод. Двојката одлучи да се разведе по 16 години брак.

Том Брејди и Жизел Бундхен се во брак од 2006 година, а заедно имаат две деца, син и ќерка.

Како што пишуваат американските медиуми, една од најпознатите двојки во светот во изминатите неколку месеци не функционирала добро, па Том и Жизел одлучиле прво да живеат одвоено, а потоа да започнат бракоразводна постапка. Двајцата најмиле адвокати и бараат начин да го поделат својот имот од повеќе милиони долари.

Никогаш не мислев дека оваа расправија ќе биде нивниот крај, но се чини дека е така. Мислам дека овој пат нема враќање назад. И двајцата имаат адвокати и сега следат кој што ќе добие и какви ќе бидат финансиите, изјави за странските медиуми извор близок на парот.

Како што е наведено, и двајцата сакаат да останат блиску до децата, па би го делеле старателството. Тие поднесоа барање за развод во Флорида, каде што живеат и каде што Том игра за Тампа Беј Баканиерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.