Тинк тенк организацијата „Аналитика“ организираше регионална работилница за улогата на граѓанскиот сектор во борбата против родово базираното насилство и семејното насилство.

Целта на проектот е размена на добри практики за развој на нови методи кои ќе ја зголемат соработката помеѓу институциите, носителите на одлуки и граѓанските организации, со што ќе се прошири улогата на граѓанското општество во справувањето со родовото и семејното насилство и спречување на фемицид како најсериозна форма на насилство.

Работилницата ја водeше експерт на темата г-ѓа Наташа Амдију а на истата свои излагања имаа експертите од Србија и Албанија, г-ѓа Ивана Стошич и г-ѓа Реѓина Марку.

Наташа Амдију на почетокот се осврна на законската рамка, политиките и механизмите за борба против родово базираното и семејното насилство, постоење или непостоење на статистика за жртви од родово базирано насилство и семејно насилство, како и улогата на ГО при спрвоведување на истражувања, анализи.

Таа соопшти конкретни податоци во однос на достапните специјализирани услуги за жртвите на семејно насилство и семејно насилство, според официјалните податоци објавени до август 2021 година на веб-страницата на Министерството за социјални работи: 16 служби се основани на територијата на Македонија во рамки на центрите за социјална работа во седумте плански региони: Полошки, Југозападен, Источен, Североисточен, Вардарски, Пелагониски Ајаа и Скопски регион; во однос на видот на специјализирана услуга за жртви формирани се вкупно 9 прифатилишта за жртви; сè уште нема засолништа за жртвите од родово базирано насилство во Полошкиот и Североисточниот регион. Кризни центри за жртви на родово насилство и семејно насилство се формирани само во 3 плански региони, и тоа во Источниот, Пелагонискиот и Скопскиот регион (кои нудат сместување до 72 часа, во Прилеп и Штип). Во Скопје постои само еден шелтер за жртви на сексуално насилство, кој функционира во рамките на Прифатилиштето за жртви на трговија со луѓе управувано од граѓанска организација. Отворени се кризни центри за жртви на сексуално насилство и силување во здравствени установи во 3 града (Скопје, Куманово и Тетово).

Во рами на дебатата, г-ѓа Амдиу се осврна и на податоците од МВР за 2021 година: Пријавени се 1097 сторители на насилство од кои 90% се мажи, а 77% од жртвите се жени од кои 39% во својство на сопруги; 32% од кривичните дела поврзани со семејно насилство биле резултат на состојба на растројство на сторителот, 16% резултат на дејство на алкохол.

Ивана Стошиќ, експерт на темата, сподели актулени податоци од истражување од 2018 година спроведено на територијата на Република Србија.Имено, 79% сметаат дека жената не е целосно исполнета ако не е мајка, а 70% дека во интерес на секоја нација е жените да раѓаат што повеќе деца, 73% од населението изјавува дека жените се генерално посреќни ако се во брак затоа што природно имаат потреба да основаат семејство, а 61% го делат мислењето дека е нормално жената да го смени презимето пред да се омажи. Успешните деловни жени неизбежно мораат да го запостават своето семејство (36%), повисоката плата на жените во споредба со мажите неминовно доведува до проблеми во семејството (72%), грижата за децата е должност на мајката, а не на таткото (50%), дете од предучилишна возраст веројатно ќе страда ако мајката е вработена (67%).

Реѓина Марку претставничката на невладина организација од Република Албанија го цитираше извештајот на Обединетите нации според кој во 2019 година, речиси секоја втора Албанка претрпела семејно насилство во текот на својот живот. А сепак, речиси половина од анкетираните во Република Албанија веруваат дека „жената треба да толерира одредено насилство за да го задржи своето семејство заедно“, зборувајќи за табуто кое ги спречува многумина да бараат помош. Дополнително,  Марку се осврна на резултатите од извештајот на ОН за жени и мажи во Албанија за 2021 година, при што истакна дека 52,9% од жените изјавиле дека доживеале семејно насилство во нивните животи при што 36,6% изјавиле дека тоа го доживуваат моментално. Напаѓачите обично се интимни партнери или членови на семејството. Најмногу вообичаените видови насилство вклучуваат принудна контрола, психолошко насилство, и физичко и сексуално насилство. Жените кои биле малтретирани од неинтимните партнери пријавиле дека биле најмногу удирани со шлаканици и клоци заеднички тип на насилство. За мажените жени, насилството обично се случува во првите 1-3 години брак. Нивните насилници обично не се образовани надвор од средно училиште ниво. Над 13% од сите убиства во Албанија во текот на 2020 година се извршени во рамките на семејството, главно од интимен партнер.

Во третата сесија од оваа работилница се дискутираше за проблеми и потреби на корисници на услуги како и на даватели на услуги.

Оваа работилница ќе се реализира во рамките на овие 3 дена при што веруваме дека со заеднички напори ќе дизајнираме заклучоци од состојбата со оваа форма на насилство во нашата земја и ќе предложиме можни решенија и механизми кои во иднина би предизвикале позитивни промени.

Работилницата се одржува во рамки на проектот “Подигнување на свеста против семејно насилство’’, кој е подржан од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), а го спроведува тинк тенк организацијата Аналитика – Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.