Саша Барон Коен и неговата сопруга Исла Фишер објавија дека се разведуваат по 13 години брак.

Актерската двојка ја сподели веста за нивниот развод во заедничко Story на Instagram.

По долг тениски меч кој траеше повеќе од дваесет години, конечно ги спуштаме нашите рекети. Во 2023 година заеднички поднесовме барање за развод“, се вели во објавата.

Фишер и Барон Коен се венчаа на 15 март 2010 година и имаат три деца.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.