82-годишниот Ѓорѓи Гиров му е брат на легендарниот македонски композитор и диригент Александар Џамбазов, кој почина 25 јануари. Гиров, кој живее во Штип, е 4 години помлад од Џамбазов.

Нашиот татко Методи заедно со нашата мајка Цветанка во 1930 година се преселиле најпрвин во Ниш, а потоа во селото Стапар во близина на Сомбор и границата со Унгарија. По шест години се раѓа брат ми Ацо. Пред Втората светска војна нашите родители се враќаат во Македонија и се преселуваат во Кочани. Во овој град јас сум се родил 1940 година, ама веднаш потоа сме се преселиле во Штип, каде татко ни станува учител по математика, свирел и на мандолина и на ќемане, а мајка ми со веќе изучен шнајдерски занает шиела за повеќе жени во Штип. Редовна посетителка била и Нада, сопругата на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, вели Гиров.

Тој вели дека пред војната, во српско, нивното презиме било Николиќ, но кога се вратиле во Македонија со оглед на новите општествени промени во тоа време, презимето е Николови. Во 1943, родителите се развеле. Судот донел одлука помладиот брат Ѓорѓи да припадне на мајката Цветанка, а постариот Александар на таткото Методи.

Досега сите прашуваат како тоа двајца браќа од иста мајка и ист татко да имаат различни презимиња. Разводот на нашите родители придонел подоцна брат ми Ацо да го добие презимето Џамбазов, по името на прадедо ми од татко Сане Џамбаз, а јас презимето Гиров по името на дедо Гиро од мајка ми, вели Гиров.

Разделбата направи бате Ацо скришум да доаѓа во моето маало кај црквата ‘Св. Никола’ да си играме по цел ден, а приквечерина да оди во неговиот дом во близина на сегашниот театар во Штип. Тој почна да го посетува и музичкото училиште во Штип, каде раководител беше Сергеј Михајлов кој му беше идол. Сергеј воопшто не го сакаше џезот, но брат ми беше сестран. Свиреше класична музика на виолина, но имаше мала склоност и кон џез тактовите кои за тогашните музичари беа непоимливи, вели Гиров за СДК.мк.

Целиот текст прочитајте го ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.