Адвокатот на принцот Хари денеска пред судот во Лондон изјави дека на овој член на британското кралско семејство треба да му се дозволи да ја оспори владината одлука која му го ускрати правото да плати за полициска придружба за време на неговата посета на Велика Британија.
Адвокатот на Хари побарал од судијата да му дозволи на војводата да преземе правна постапка против Министерството за внатрешни работи и Извршниот комитет за заштита на кралското семејство и јавните личности поради тоа што му го ускратиле правото да си плати за обезбедување.
Портпаролот на принцот изјави дека неговиот американски тим што го обезбедува нема јурисдикција во странство, ниту пристап до разузнавачките служби во Велика Британија.
Во фокусот на денешното рочиште беше тврдењето на Хари дека не се чувствува безбедно кога ги носи своите мали деца од САД во Велика Британија без полициска заштита.
Британската влада престана да го обезбедува Хари откако тој и неговата сопруга Меган ги напуштија своите кралски должности и се преселија во Калифорнија во 2020 година. ссм/фото: архива .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.