Актерката Хали Бери (57) официјално се разведе од сопругот, францускиот актер Оливие Мартинез (57), откако последните осум години се бореа на суд.
Поранешните сопружници одлучија да се разделат во 2015 година, но разводот се одолговлекуваше со години бидејќи не можеа да се договорат за старателството. Како што пренесува „Пејџ сикс“, според нивната спогодба, Хали ќе мора да плаќа голем износ на пари за алиментација. Таа ќе треба да дава 8.000 долари месечно за да го издржува синот Мејс (9).
Исто така, славната актерка мора да му дава на својот поранешен сопруг 4,3 отсто од заработката, во случај да добие повеќе од 2 милиони долари, што ќе се смета за дополнителни трошоци за издржување на нивниот син. Хали ќе плаќа и за приватно образование на нивниот син, за училишна униформа и за училишен прибор. Тие, исто така, се договорија и да ги плаќаат сите воннаставни активности на Мејс, неговото здравствено осигурување, како и сите медицински трошоци кои не се покриени со осигурувањето.
Пред Оливие, Хали беше во брак двапати. Нејзиниот прв брак беше со Дејвид Џастис од 1993 до 1997 година, а вториот со пејачот Ерик Бенет од 2001 до 2005 година. Актерката има дете и со поранешното момче, манекенот Габриел Обри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.