Осумгодишно девојче од Германија се удавило додека пливало во Јадранското Море во близина на одморалиштето Бибионе, источно од Венеција.

Девојчето била на одмор со семејството кога очигледно се случил некој проблем додека пливала и се удавила.

Другите капачи, кои биле во близина на осумгодишното девојче, набрзо забележале дека нејзиното тело лебди по водата и дека детето не се движи.

Веднаш го вклучиле алармот, поради што спасувачите дошле на местото на настанот.

Спасувачите го одвлекле безживотното тело на девојчето до плажата и почнале со реанимација.

На местото на настанот пристигнал хеликоптер, но по еден час реанимација, кај девојчето било констатирано смрт, пренесува Билд.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.