Иако името не го прави човеко, вистинското име и неговото значење може да влијаат врз самодовербата и развојот на личноста која го носи. Затоа, доколку сте во процес на одбирање на име за вашето идно новороденче, погледнете ги овие имиња избрани од македонското православно црковно календарче, а почнуваат на буквата М.

Машко:

Методиј – Името е со грчко потекло. Доаѓа од грчиот збор methodos, со значење метод, упатство, што значи дека личностите со ова име се методични и средени.

Марин – Името е со латинско потекло, и значи – од морето. Оние што го носат ова име ги карактеризира мажественоста и борбеноста.

Женско:

Макрина – Доаѓа од старогрчкиот термин „макариос“, кој се преведува како „среќен“ или „благословен“. Името има длабоко значење во христијанството, и со него може да се опише духовната среќа и благословите што доаѓаат од Бога.

Меглена – Името доаѓа од македонскиот термин за жена која доаѓа од Меглен, Егејска Македонија и е едно од оние ретки стари имиња кои заслужуваат да заживеат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.