Отец Предраг Поповиќ зборува дека во денешно време врските меѓу мажот и жената се некако нарушени, а тоа е поради измешаните машки и женски улоги, онакви какви што ги знаеме традиционално.
Тој алармира мажите повторно да бидат мажи.
Мажи, барам од вас да бидете витези и да престанете да се однесувате недолично, слабо и млитаво и да ги носите тие тесни панталони како хеланки. Однесувајте се како алфа, размислувајте како алфа и однесувајте се како алфа. Бидете човек на кој секој може да се потпре, вклучително и вашите пријатели и роднини. Жените ги сакаат таквите мажи и би се бореле за нив. Жените се сега побројни од мажите, а кога ќе земеме предвид како мажите не се мажи, излегува дека се сами, вели отец Предраг во своето излагање што го сподели и на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
Кога жената ќе види дека знаеш што сакаш во животот, дека имаш насока, не треба да бидеш убав, и без тоа ќе ја привлечеш. Не ти треба скап автомобил, со такви коли знаеш какви се привлекуваат. Жената бара сигурност. Кога имаш правец во животот, тогаш таа знае дека може да смета на тебе и дека ќе ѝ бидеш поддршка,исто како што таа ќе биде твоја поддршка. Таа тогаш знае дека може да биде твој совозач, копил. А не, таа него прва му пришла оти бил срамежлив, се забавуваат, таа вели оди лево, тој од лево, прави што ќе му се каже, таа го прашува што ќе јадат, а тој сите одлуки ѝ ги остава на неа. После во бракот тој така се научил и ја чека нејзината команда. Е, ама тогаш добиваш жена која е фрустрирана. Жените потоа доаѓаат кај мене и се жалат дека нивните сопрузи им оставиле сè на нив и се кријат зад нив, но тогаш е предоцна. Сето тоа се гледа и пред брак, вели свештеникот Предраг Поповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.