И нашиот Тони си замина дома во Кочани по 58 дена борба и предизвици на одделот за интензивна нега и терапија на ЈЗУ У ГАК – Скопје, велат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје.

Тони е роден предвремено, во 31-та гестациска недела со само 1100 грама.

На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки успешно се избори со сѐ она што ги носи предвременото раѓање и со 1840 грама првпат влезе во својот дом.
Биди среќен наш мал борецу и имај детство исполнето со љубов и здравје.
Уживај во прегратките на твоите родители додека растеш во среќно и здраво дете, му посакаа од клиниката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.