Вистинско чудо од дете, Македон Димитровски ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Овој мал генијалец ни донесе златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.

Македон е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи грчки, германски и кинески јазик.

Неговата наставничка Јасмина Костовска секогаш ја прилагодува наставата за него, со повеќе обврски, покомплицирани задачи. Таа вели дека знаела каков ученик ќе има, а тоа во нејзината 27 годишна кариера бил огромен предизник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.