Мајка, жена, жртва на семејно насилство, жртва на ова општество.

Теа Николовска од Скопје одлучи да ја сподели својата приказна на социјалните мрежи за да си го спаси детето. Нејзината приказна и апелот за помош ги споделуваме во целост.

Нас жените константно нè наговараат да МОЛЧИМЕ. Јас молчев со надеж дека моето дете никогаш нема да дознае што сум проживеала. Но за жал, за доброто на мојата ќерка јас денес ќе зборувам. Само за да не биде со мене, таткото на моето дете е спремен својата ќерка да ја прати да расте во дом без родители со единствена цел да ми наштети мене. КАКВА Е ОВАА ДРЖАВА?!
Треба ли човек да те убие за да добие забрана за пристап?
Поради тоа што молев дочекав нападите во самоодбрана да ме направат насилник и не соодветен родител. Колку кошта еден детски живот? Колку пари платил за да не ми дозволуваат да го пријавам? Каде е правдата? Ако ова не е семејно насилство тогаш што е? Дали човекот што го направил ова е посоодветен родител од мене? Дали е соодветен родител човекот што крева рака на бремена жена, мајката на неговото дете? Ова го пишувам со надеж дека постов ќе биде посилен од неговите пари,врски во полиција и ќе допре до некој што ќе може да ми помогне да се изборам против сето ова за моето дете да расте нормално со мајката што го сака повеќе од се на светот❤️



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.