На денешен ден пред 11 години се роди првото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Џорџ. По тој повод, на официјалниот инстаграм-профил на принцот и принцезата од Велс е објавена негова најнова фотографија.

Му посакуваме среќен 11-ти роденден на принцот Џорџ“, е наведено во описот на фотографијата која ја снимила неговата мајка Кејт Мидлтон.

На фотографијата Џорџ седи во костум, гледа во камерата и се насмевнува.

Под фотографијата се нижат голем број коментари, во кои обожавателите на кралското семејство му го честитаат роденденот на принцот Џорџ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.