За животот на Роман Абрамович, познатиот руски милијардер и поранешен сопственик на англискиот премиерлигаш Челзи, многу се знае во јавноста, но тоа не е така со неговиот приватен живот.

За разлика од професионалниот и бизнис ангаман,каде што е мошне успешен, Абрамовиќ нема преголема стабилност во шриватниот живот. Руѕскиот тајкун стапуваше во брак трипати, има седум деца, а со две од трите сопруги се разведе бидејќи ги изневеруваше.

Олга Јуревна Лисова

Првата сопруга на Роман е Олга Јуревна Лисова со која се венчал во 1987 година, а нивниот брак траел само три години. Олга е ќерка на влијателен руски дипломат и е три години постара од тогаш 20-годишниот Роман, кој во тоа време само сонувал за богатството што го поседува денес.

Тие веднаш се вљубиле еден во друг и по само осум недели врска, одлучиле да стапат во брак.

Токму родителите на Олга се „виновни“ за првите бизнис успеси на младиот Роман Абрамович. Тие на парот како свадбен подарок му дале 2.000 рубљи, што Роман ги искористил за да набави парфеми, хулахопки, пасти за заби и дезодоранси, што потоа ги препродавал на црниот пазар.

На овој начин, успеал да заработи трипати повеќе пари, а потоа истите да ги вложи во отворање фабрика за играчки. Сепак, набрзо потоа следела кризата во бракот. Абрамович, додека летал со авион, ја запознал стјуардесата Ирина Маландина, која ќе му стане идна сопруга.

Олга во една прилика изјави дека Роман во тој период лажел дека оди на куглање додека ја изневерувал со стјуардесата.

Често одеше на забави и ми велеше дека се работи за бизнис состаноци и дека ќе бидат само мажи. Или знаеше да ми каже дека ќе оди на куглање и се враќаше во 3 часот наутро. Дури подоцна, откако дознав за аферата со Ирина, сфатив дека во Москва ниту една куглана не работи до 3 часот наутро“, вели Олга.

Иако Олга му помогнала да стигне до богатството што го има денес, по разводот, таа од Роман не добила ништо. Ја оставил да живее во еднособниот стан што го делеле со ситен износ пари.

Ирина Маландина

Втората сопруга на рускиот милијардер е Ирина Маландина, со која беше во брак од 1991. до 2007 година и заедно имаат пет деца. Само пет месеци по првата средба со Абрамович, Ирина останала бремена и ја родила ќерката Ана.

Рома Абрамович и Ирина Маландина со децата

На почетокот тие живееле со мајката на Ирина, а потоа се преселиле во Германија заради работата на милијардерот. Таа беше заедно со него во 2003 година кога тој го купи „Челзи“, а се разделија четири години подоцна.

По разводот, Ирина се трудеше колку е можно повеќе да се чува подалеку од очите на јавноста и да не дава изјави за медиумите.

Додека беше во брак со Ирина, Роман веќе ја почна аферата со следната негова сопруга – Даша Жукова.

По разводот, Ирина од Роман доби 150 милиони фунти и денес нивниот развод се смета за еден од најскапите во историјата.

Даша Жукова

Даша Жукова е колекционер на уметнички дела со руско-американско потекло. Таа е сосема различна од претходните сопруги на Абрамович и обожава постојано да биде во фокусот на вниманието.

Даша работела како главен уредник на модното списание „Гараж“, а со Роман се венчаа во 2008 година и заедно имаат две деца.

По девет години брак, во 2017 година, со писмено соопштение Роман и Даша најавија дека се разведуваат, но соопштија дека и понатаму ќе останат во пријателски односи и дека ќе продолжат да работат како партнери на нивните заеднички проекти.

Наводно, по разводот, Даша, која е ќерка на рускиот тајкун Александар Жуков, добила парична отштета во износ од 200 до 300 милиони долари.

Само две години по разводот, таа се омажи за грчкиот милијардер Ставрос Ниаркос Втори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.