Девојка загина во бизарна несреќа за време на натпревар во бадминтон на семеен одмор во американската сојузна држава Мејн!

Шестгодишната Луси Морган настрадала кога на нејзиниот брат (10) му пукнал рекетот при замавнување, по што алуминиумскиот дел го удрил девојчето во глава. Лекарите утврдиле дека остро парче од рекетот што се одвоило од дрвената рачка ја предизвикало катастрофалната повреда на мозокот.

Девојчето со хеликоптер било пренесено во Портланд на итна операција.Веднаш по операцијата, лекарите ги известиле родителите дека Луси ги изгубила мозочните функции и нема да закрепне. Девојчето починало само четири дена подоцна.

Таткото на повреденото девојче Џејмс Морган, кој е свештеник, откри дека двајца браќа и една сестра се обвиниле себеси за бизарната несреќа. Таткото наведува и дека, неколку недели пред страшната несреќа, Луси и поставила на мајка си едно необично прашање.

– Како можам да бидам со Бог и да се спасам – ја прашала Луси својата мајка.

Нејзината мајка и дала соодветно објаснување и се понудила да се молат заедно, но шестгодишното дете сакало тоа да го направи сам. Таа отиде во својата соба и се помоли, а потоа ја изрази својата љубов кон Бога во својот дневник со текст и цртежи.

Таткото откри дека Луси сакала да црта, да танцува, да игра фудбал… Сакала и да оди во црква и да поминува време со своето семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.