„Добредојде дома“ напишаа новопечените родители покрај фотографијата од стапалата на бебето кое ќе се вика Џек Блуз Бибер. Манекенката и пејачот примија бројни честитки за оваа вест од останати познати личности, но и од нивните фанови.
Тие за бременоста објавија пред три месеци, а Хајли тогаш изјави дека се одлучиле јавно да споделат дека чекаат беше, поради притисокот и стресот од криењето на бременоста од јавноста.
„Веројатно можев да ја кријам бременоста до крајот, но ќе ми беше стресно да не можам јавно да уживам во бременоста. Сакав слободно да го живеам својот живот“ изјави тогаш Хајли.
Познатиот пар се венчаше во 2018 година, а на почетокот на јули тие објавија заеднички фотографии кога ги обновиле заветите, на кои јасно се гледаше стомакот на Хајли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.