Холивудската актерка Џенифер Лоренс (33) е бремена со второ дете, објавија светските медиуми.
„Честитки за Џенифер Лоренс! Оскаровката, актерка го чека своето второ дете со сопругот Кук Марони“, напиша „Вог“ , додавајќи дека претставниците на Лоренс ја потврдиле среќната вест.
Актерката веќе го има двегодишниот син Кја со сопругот Кук Марони. Двојката се венча во 2019 година.
Ова вест е најновото поглавје во интересната фаза од животот на оскаровката. В петок премиерно ќе се прикаже документарецот „Zurawski vs. Texas“, кој зборува за влијанието на строгите закони против абортус во Тексас, а го продуцираше заедно со Хилари Клинтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.