Oсновни училишта во Далмација им забрануваат на учениците да доаѓаат на настава во тренерки. Мајки на Фејсбук се пожалиле дека сите децаво едно училиште облечени во тренерки биле испратени кај педагогот.

Педагогот сметал дека е непримерно децата да бидат во училиште облечени како за на спортски натпревар. Мајките пак не го делат тој став.

– Имаат ли право? И јас сум за тоа да има кодекс на облекување, но не и вакво нешто. Понекогаш им е последен час по физичко, па практично им е најудобно да доаѓаат на училиште – напишала мајката.

Во групата се развила дискусија, некои веруваат дека не е соодветно децата да доаѓаат на училиште во спортски панталони, други не гледаат ништо непристојно во тоа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.