Американската ар-ен-би пејачка Бијонсе и раперот Џеј Зи си приредија луксузна вечера во елитниот „Бар кај Хари“ во центарот на Лондон откако го купија најскапиот имот во Калифорнија.

Како што објавуваат медиумите, палатата во Малибу, САД, вреди 200 милиони долари – најскапиот имот некогаш продаден во Калифорнија.

Треба да се напомне и дека ова е вториот најскап купен имот во САД. Поскап е само претходно продаден стан во Њујорк – 238 милиони долари. Куќата е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо, кој исто така работеше и на имотот на Кање Вест од 57 милиони долари. Таа беше понудена на аукција од колекционерот на уметнички дела Вилијам Бел, кој потрошил 15 години градејќи ја палатата. Тој првично побарал 295 милиони долари, но сепак направи отстапка.

Бијонсе и Џеј Зи веќе имаат палата во Бел Ер – имот што го купија пред шест години за 88 милиони долари. Куќата сега се проценува на 100 милиони долари. Инаку, славните музичари се венчаа 2008 година, а ги имаат 11-годишна ќерка Блу Ајви и петгодишните близнаци Сер и Руми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.