Фенг шуи не се однесува само на положбата на некои предмети во домот, туку и на нашиот однос кон животот. Според експертите за фенг шуи, следните неколку совети ќе помогнат паричната енергија да тече низ вашиот дом побрзо.

1. Светли бои во деловите од домот каде што извршувате работи поврзани со пари
Мајсторите на фенг шуи секогаш ја нагласуваат „паричната област“ со зелени и виолетови бои. Зелената е бојата на виталноста и растот, а виолетовата боја претставува богатство. Најдете место во кујната за сад со грозје – идеално би било мешањето бело и црно грозје, а кога ќе заврши сезоната на ова овошје, заменете го со убава реплика во бојадисано дрво или стакло.

2. Внимателно ракување со парите е императив
Многумина од нас имаат навика да ги гмечат сметките во џебот или да ги оставаат на различни места низ куќата. Размислете за односот што го имате со парите и почнете да го почитувате. Секогаш чувајте ги уредно превиткани во убав паричник. Освен тоа, внимавајте и сметките секогаш да ви бидат уредно наредени, чувајте ги во пликови или пластични кутии во живи бои.

3. Парите се енергија која мора да тече
Ако немате доволно пари за давање и трошење, секако можете да им дадете на другите малку од вашето време или внимание. Затоа, секоја вечер одвојте неколку минути за да се заблагодарите за она што го имате и да размислите за тоа што би можеле да им дадете на другите. Успехот не е само да добиеме повеќе туку да бидете задоволни со она што веќе го имате. Како што се чувствувате поблагодарни за она што го имате, во вашиот живот ќе има поголемо изобилство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.