Антонио Бандерас најдобро го опишал тоа со една реченица: „Очекувањето е мајка на разочарувањата“

Ви пренесувамe една искрена и лична приказна на човек кој сам дошол до заклучок што е тоа што го уништува бракот во денешно време.

„Кога јас и сопругата се венчавме, еднаш посетивме семинар за давање психолошка поддршка на жртви на современа трговија со луѓе.

Домаќинот на семинарот ги праша присутните која е причината за развод според нив. Бидејќи јас и сопругата присуствувавме на некои предбрачни консултации, помислив дека сум експерт и набрзина ја испружив раката и викнав: ’Секс, пари и комуникација!’

Ја погледнав сопругата, а таа ми кимна со главата со насмевка.

’Погрешно’, викна домаќинот. ’Тоа се само симптоми на вистинскиот проблем. Браковите завршуваат со развод од една единствена причини: големи очекувања!’

Бев шокиран!

Ова сознание едноставно не можеше да влезе во мојата глава. Не се сеќавам за што се разговараше потоа. Премногу се замислив за претераните очекувања со кои веќе се имав соочено во брачниот живот, кој беше само еден месец долг.

Сфатив дека овој смртоносен отров го погаѓа срцето на секоја врска.

Но големите очекувања не се само проблем во бракот, туку и во целиот наш живот. Не е важно дали сте сингл или во брак, невработени или со полно работно време, стари или млади… Високите очекувања се камшикот за секој човек. Никој не е доволно сигурен поради тие очекувања.

Кое е решението?

Јас сум математичар по природа. Обожавам равенки. Така ја направив равенката:

Очекување – Реалност = Разочарување.

Што тоа точно значи:

Очекување

Кога ќе се вратиме дома од работа, чекаме сопругата да ни приготви вечера. Таа ќе носи престилка без дамки и ќе седи спроти мене. Нашата ќерка ќе седи во столчето за јадење и ќе го јаде својот оброк мирно и тивко.

Реалност

Доаѓам дома половина час подоцна, ништо од вечерата. Ќерката скока по дома разнесувајќи смоки на сите страни. Жена ми седи на компјутер обидувајќи се да одговори на некои мејлови од работа. На моето прашање ’што има за вечера?’, фрла гневен поглед во мојот правец. Одам во кујната, наоѓам леб и сирење, и тоа го послужувам на масата.

Разочарување…

Антонио Бандерас најдобро го објаснил тоа: ’Очекувањето е мајка на разочарувањата’

Заклучок: во животот честопати имаме големи очекувања, што на крајот води кон разочарувања.

Но тоа не мора да биде така.

Решение: Оставете го животот да си тече по својот тек.

Не велам дека треба комплетно да се ослободиме од очекувањата, но не би било лошо кога би ги свеле на минимум.

Добро е да имаме здрава, реалистична цел. Да тежнееме кон нешто… Но ако се најдете во ситуација во која вашите очекувања се превисоки – ослободете се од очекувањата и прифатете ја реалноста таква каква што е.

Уморни сте од разочарувања? Исфрлете ги високите очекувања и прифатете ја реалноста. Потоа, разговарајте со оној што не исполнил некои ваши очекувања и објаснете му што и зошто го очекувате тоа од него.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.